Вредностите на прво место

Етички кодекс на Johnson Controls

Порака од главниот извршен директор

Сите се победници кога нашите вредности го поттикнуваат правилното однесување.

Прочитајте повеќе

Програма за етика и усогласеност на Johnson Controls

Вредностите на прво место, нашиот Етички кодекс е темелот на Програмата за етика и усогласеност на Johnson Controls. Оваа програма е интегриран пристап што обезбедува дека нашето индивидуално однесување, деловното работење и организациската култура ги одржуваат највисоките стандарди на интегритет. Преку посветеност на раководството, комуникација, обуки, мониторинг и механизми на известување и други средства, Програмата за етика и усогласеност ни помага да ги идентификуваме и безбедно да управуваме со ризиците на етика и усогласеност и да водиме бизнис според нашите вредности.

Нашите одговорности

Во Johnson Controls, секој и секаде мора да го знае Етичкиот кодекс и секојдневно да го почитува – независно од улогата или позицијата. Ова ги вклучува сите вработени, службеници и членови на Одборот на директори. Прекршувањата на Кодексот се сериозни и можат да доведат до дисциплинска постапка, па сѐ до отказ, во согласност со локалните законски одредби.

Прочитајте повеќе

Правење паметни избори
Отворено кажување на своето мислење и барање помош