Одржливост и одговорност за животната средина

Работење на одржлив начин и праведно кон животната средина

Како победуваме

Осмислуваме посветеност кон одржлив свет преку нашите производи, услуги и секојдневни операции.

Зошто ги ставаме вредностите на прво место

Веруваме дека целта на Johnson Controls е да помогне да го направи светот безбеден, удобен и одржлив. Се фокусираме на иднината, како и на позитивното влијание кое го имаме денес. Во меѓусебно поврзан и зависен свет, намалувањето на влијанието на нашите операции врз животната средина е исто толку важно колку и создавањето на најпаметните животни средини и енергетски решенија во светот. Ова нѐ прави подобар партнер за нашите заедници и клиенти.

Како изгледа победувањето

Ја покажуваме нашата посветеност за одржливи решенија и операции со тоа што:

  • одржливоста е главен дел во дизајнот на производот
  • ги идентификуваме можностите за намалување на влијанијата врз животната средина додека постигнуваме оперативна ефикасност
  • активно бараме ангажмани со чинителите за прашањата за животната средина
  • ги исполнуваме или надминуваме сите законски и регулаторни обврски или обврски од дозволите
  • ги применуваме глобалните стандарди и најдобри практики на Системот за производство на Johnson Controls (JCMS) во сите операции во светот
  • изнаоѓаме можности да штедиме енергија, вода и други природни ресурси
  • безбедно и усогласено управуваме со отпадот и отпадните води
  • го известуваме раководството и веднаш се справуваме со несреќи, вклучувајќи излевања, протекувања или неовластени испуштања
  • преземаме секојдневни лични дејствија за да се намалат, повторно употребат и рециклираат ресурсите