Фер конкуренција/антимонополи

Праведно водење бизнис

Како победуваме

Се натпреваруваме силно и праведно и ги оставаме нашите конкуренти зад нас преку супериорен квалитет и вредност.

Зошто ги ставаме вредностите на прво место

Веруваме во слободен и конкурентен пазар. Пазарот ни нуди најдобра можност да се разликува брендот на Johnson Controls. Со тоа што сме ориентирани кон клиентите и обезбедуваме првокласни услуги, ја оставаме конкуренцијата зад себе и градиме долгорочна доверба во нашиот бренд. Законите кои ги промовираат слободните пазари, познати како антимонополски закони во Соединетите Американски Држави и закони за фер конкуренција во повеќето други држави, се сложени; прекршувањата на законите може да доведат до тешки казни. Признаваме дека дури и впечатокот на неправедност или измама во нашите конкурентни практики може да ја наруши нашата репутација и да нѐ изложи на правна одговорност.

Како изгледа победувањето

Праведно освојуваме бизнис преку:

  • избегнување формални или неформални договори или навики на однесување со конкурентите за да:
    • наплаќаме одредена цена за услуга (местење цени)
    • манипулираме со процесот на тендерирање (местење тендери)
    • ги делиме пазарите според географската положба или клиентите (распределба на пазар)
  • чесно, точно и без претерување ја претставуваме нашата вредносна понуда
  • никогаш нечесно не се мешаме во постоечките деловни договори на нашите клиенти
  • ја читаме и разбираме Глобалната политика против монополи и фер конкуренција
  • никогаш не го злоупотребуваме нашиот пазарен удел

Прво размислете

П:

Додека го чекав почетокот на панел дискусијата на овогодинешниот саем MetroExpo, разговарав со директорот за продажба на еден конкурент. Ме праша дали сум забележал дека тешко се работи со службеникот за набавки на опрема во голем град кој и двајцата го поддржуваме; шпекулираше за тоа што би се случило доколку компании како нашите би одбиле да соработуваат со градот. Разговорот за заеднички клиент направи да се чувствувам неудобно, па се преправав дека одговорам на телефонски повик, а потоа се поместив на седиште на другата страна на аудиториумот. Како требаше да одговорам?

О:

Сте биле во право што сте го завршиле разговорот. Исто така е паметно најбрзо што можете да ја пријавите вашата загриженост во секторот за правни работи. Трговските саеми и состаноците на здруженија се важни места за учење и одржување чекор во нашата индустрија. Меѓутоа, комуникацијата со конкурентите на такви настани може да носи голем ризик од прекршување на законите за конкуренција. Разговор со конкурент за бојкотирање заеднички клиент може да се смета за обид за формирање нелегален договор за исклучување на компании од одреден пазар или да се изврши притисок врз одреден клиент за да „се прилагоди“.