Почитување на правилата во меѓународна трговија

Водење бизнис на глобално ниво

Како победуваме

Како глобална компанија се усогласуваме со сите трговски прописи и ограничувања кои се однесуваат на нас.

Зошто ги ставаме вредностите на прво место

Горди сме што имаме клиенти и работа во многу држави во светот. Ги почитуваме законите кои се применливи секаде каде што водиме бизнис, како и оние закони кои ја управуваат меѓународната трговија. Заради национална безбедност, политички или економски причини, владите можат да го контролираат увозот и извозот на чувствителна опрема и податоци; исто така можат да го ограничат бизнисот со одредени групи, лица или земји. Преку усогласеноста со трговските прописи не само што се избегнуваат големи казни, загуба на дозволи и апсења, туку се помага и да се направи светот побезбедно место.

Како изгледа победувањето

Одговорно го водиме нашиот бизнис во светот преку:

  • почитување на политиките и процедурите на компанијата кои се однесуваат на трговските прописи, вклучувајќи ја нашата Политика за почитување на правилата за трговија
  • несвесно тргување, продавање или обезбедување услуги на некој кој се наоѓа на листите за ембарго или санкции на САД, ЕУ или на други применливи листи
  • усогласување со сите договорни или законски ограничувања за пристап до информации за клиентите
  • спроведување проценки за ризик и детални проверки на трети понудувачи со кои планираме да водиме бизнис
  • алармирање на секторот за правни работи доколку некој клиент, снабдувач или други лица побараат од нас да се вклучиме во бојкот

Прво размислете

П:

Свесен сум дека Johnson Controls секогаш бара нови потенцијални пазари за нашите производи и решенија. Странски дистрибутер контактираше со мене неодамна за да ми каже дека добивал барања за палета на производи која претходно не сме ја продавале во тој дел на светот. Свесен сум дека понекогаш има ограничувања каде можеме да ги продаваме производите и за кои намени се користат истите. Го замолив дистрибутерот да одговори неколку прашања кои ќе ми помогнат да разберам кој е одредениот краен корисник и крајната намена. Неговите одговори беа нејасни и изгледаше дека не ја сфаќа сериозно мојата загриженост. Мислам дека не ги разбра потенцијалните ризици. Што да правам?

О:

Паметно е што ги споменавте правилата за меѓународна трговија. Важно е да се анализира секоја можност за пазар во странство за овој тип ризици. Треба да настојувате со вашите барања до дистрибутерот, бидејќи нема да ги испорачаме производите без целосно да разбереме за одредениот краен корисник и крајната намена. Исто така, побарајте помош за потенцијалните проблеми за меѓународна трговија од раководството, тимот за почитување на правилата во трговијата или секторот за правни работи.