Еднаква можност и спречување дискриминација

Поддржување и унапредување на нашите вработени

Како победуваме

Привлекуваме талентирани луѓе, го развиваме нивниот потенцијал и ги подготвуваме за успех.

Зошто ги ставаме вредностите на прво место

Ги вработуваме и унапредуваме најдобрите и најпаметните. Одлуките за вработување ги засноваме на квалификациите, аспирациите и резултатите, а никогаш на предрасуди или пристрасност. Вистинската работа е да му се даде секому фер шанса. Не толерираме дискриминација врз основа на раса, боја, религија, национално потекло, пол, бременост, возраст, инвалидност, сексуална ориентација, родов идентитет, брачен статус, воена служба или друг статус заштитен со закон.

Како изгледа победувањето

Привлекуваме, развиваме и задржуваме извонредни вработени преку:

  • праведно постапување со луѓето и фокусирање на нивната вредност која ја носат во Johnson Controls
  • одлучување за вработување, обука, унапредување и дисциплина врз основа на заслуга
  • обезбедување разумни погодности за инвалидност
  • одбивање за прифаќање изговори за дискриминација – нема такви

Прво размислете

П:

Слушнав како мојот претпоставен кажува дека не сака постари работници во својот тим. Вели дека не ги дискриминира – тие едноставно не можат да одржат чекор со нашите барања за брзината на производството. Дали е во право?

О:

Не, не е во право. Паушални верувања или оценки за лице или група на лица врз основа на возраст или друга лична карактеристика се несоодветни и не се компатибилни со вредностите и културата која ја промовираме. Тие може да предизвикаат дискриминаторски дејства. Сите треба да се оценуваат според своите способности и резултати. Работна околина во која со секој се постапува праведно помага да се обезбеди култура која е доверлива, мотивирана и со високи перформанси.