Набавка

Одговорно ги избираме нашите снабдувачи

Како победуваме

Праведно и објективно ги избираме нашите снабдувачи за да ни се даде најдобрата шанса да победуваме со нашите клиенти.

Зошто ги ставаме вредностите на прво место

Сакаме да изградиме значајни и долгорочни врски со снабдувачите врз основа на заедничка корист и доверба. Овие врски ни помагаат да го освоиме пазарот и да обезбедиме исклучителни искуства и решенија за клиентите. Сакаме снабдувачи кои ја споделуваат нашата посветеност за интегритет и заедничко работење. Кога снабдувачите вложуваат во успехот на нашите клиенти, како нас, тогаш тие победуваат кога победуваат и нашите клиенти.

Како изгледа победувањето

Одговорно управуваме со набавките со тоа што:

  • постапуваме праведно и со интегритет со тековните и потенцијалните снабдувачи, независно од вредноста на трансакцијата или времетраењето на односот
  • бараме да работиме со снабдувачи кои најдобро ги исполнуваат нашите потреби и ги споделуваат нашите вредности
  • ги почитуваме законските обврски (на пр. Закон за интегритет во набавките на САД и Foreign Corrupt Practices Act)
  • спроведуваме соодветна длабинска анализа на потенцијалните снабдувачи за да обезбедиме дека се квалификувани и почитувани
  • правиме селекција врз основа на мерења на одредени резултати, како што се квалитет, цена, услуга, веродостојност, достапност, техничка извонредност, брзина на испорака и етички деловни практики
  • промовираме разновидна и инклузивна база на снабдувачи
  • избегнуваме конфликти на интереси или нивна појава со тоа што избегнуваме да избираме снабдувач врз основа на пријателски или семејни врски
  • не прифаќаме несоодветни подароци, забава или каков било друг вид на фаворизирање што би го компромитирал изборот на најдобрите партнери за Johnson Controls