Квалитет и безбедност на производи

Испорачување одлични производи и решенија

Како победуваме

Се фокусираме на испорачување на највисоката вредност за нашите клиенти преку безбедни и иновативни производи и решенија.

Зошто ги ставаме вредностите на прво место

Сакаме клиенти кои долгорочно ќе останат со нас; клиенти кои имаат доверба во нас дека ги разбираме, ги предвидуваме и ги исполнуваме нивните барања подобро од нашите конкуренти. Никогаш не сме целосно задоволни; секогаш бараме нови и подобри начини кои се ориентирани кон клиентите. Како што продолжуваме да иновираме, никогаш не правиме компромис за квалитетот или безбедноста на нашите производи и услуги.

Како изгледа победувањето

Испорачуваме извонредност за нашите клиенти преку:

  • создавање околина која промовира квалитет и иновации за нашите производи и решенија
  • тоа што никогаш не го избираме пократкиот пат што потенцијално би го компромитирал квалитетот или безбедноста на кои било наши производи и решенија
  • барање и слушање на повратни информации од клиентите
  • итно пријавување на загриженост за безбедноста или квалитетот на производот

Прво размислете

П:

Неодамна бев вклучен во редизајнирање на производ. Процесот траеше повеќе од една година и резултираше во нешто за кое ние веруваме дека е технолошки најнапреден производ во својата категорија. Меѓутоа, убеден сум дека идентификував недостаток во дизајнот што во одредени услови може да направи краток спој и да предизвика пожар. Му го споменав ова на мојот менаџер. Тој ме увери дека има незначителен ризик и не треба дополнително да спроведуваме друг опсежен процес на тестирање. Ова ме вознемирува бидејќи некој може да настрада. Мојот менаџер одбива да дискутира повеќе за ова прашање. Со кого можам да разговарам?

О:

Безбедноста е од критична важност за нас – кога се дизајнираат и се создаваат нашите производи и откако ќе ја напуштат фабриката. Треба да разговарате или со раководител на повисока позиција во инженерскиот тим или да контактирате со тимот за усогласеност, локалниот EHS претставник или член на корпоративниот EHS тим или да поднесете пријава преку Integrity Helpline. На тој начин, вашата загриженост соодветно ќе се процени и обработи доколку е потребно.