Интегритет во истражување и етичка анализа на конкуренцијата

Паметно водење бизнис

Како победуваме

Се информираме за пазарните трендови и можности преку етичко истражување.

Зошто ги ставаме вредностите на прво место

Ги следиме случувањата на нашите пазари за да ја разбереме состојбата со конкуренцијата и тоа ни помага постојано да ги подобруваме и предвидуваме потребите на нашите клиенти. На прво место го ставаме интегритетот и секогаш етички собираме информации за конкурентите.

Како изгледа победувањето

Вршиме соодветна анализа на конкуренцијата со тоа што:

  • сме искрени за нашиот идентитет и мотивите кога вршиме истражување
  • не користиме трети лица да се вклучат во дејства во кои ни самите не би се вклучиле
  • не бараме од колегите (или идните вработени) да откријат доверливи информации за нивните поранешни работодавачи

Прво размислете

П:

Работам за развој на бизнисот и моментално преговарам и завршувам со подготовка на понуда за голем проект. Денес добив е-пошта од раководителот за набавки на потенцијалниот клиент во која по грешка ги прикачила предлозите на еден од нашите конкуренти наместо мојот обележан предлог. Забележав дека цената на конкурентот е 25 проценти пониска од нашата понуда. Сакам да ја намалам цената во нашата понуда за да ја победам конкуренцијата. Смеам ли да го направам тоа?

О:

Не. Нашата вредност за интегритетот на прво место бара од нас законски и етички да собираме и користиме анализа на конкуренцијата. Искористување на грешката на клиентот би ја нарушила нивната доверба. Ако некогаш јавно се дознае дека вака сме го искористиле клиентот, тогаш со тоа би ја загрозиле нашата репутација за чесно и праведно работење и дури би можеле да го загубиме договорот. Наместо да ја искористите оваа информација, треба да го информирате клиентот за грешката и да му соопштите дека ќе ги избришете е-пошта и прилогот. Исто така, треба да го информирате секторот за правни работи за грешката за да се обезбеди соодветна документација и да продолжите да се фокусирате на силните страни на вашиот првичен предлог. Запомнете дека добро практично правило за носење одлука како да се постапува со конкуренцијата е да се замислиме како би се чувствувале ако некој конкурент ни го направи истото нам.