Спречување злоупотреба на синџирот на набавки

Почитување и заштита на човековите права

Како победуваме

Работиме за да одржиме етички синџир на набавки со тоа што работиме само со деловни партнери кои ги вреднуваат и почитуваат правата на луѓето во светот.

Зошто ги ставаме вредностите на прво место

Ние се водиме од нашата цел, која ја вклучува обврската за почитување и заштита на правата на луѓето низ светот. Веруваме дека правилното поддржување на луѓето е клучот за просперитетна иднина. Поради тоа се обврзуваме да поддржиме етички и транспарентен синџир на набавки во кој нема детски труд, принудна работа, ропство и трговија со луѓе.

Како едни од првите потписници на Глобалниот договор на Обединетите нации, ја воспоставуваме врската помеѓу човековите права и создавањето одржлива вредност од која ќе има корист општеството.

Како изгледа победувањето

Се стремиме да ги почитуваме и штитиме човековите права во нашите операции и синџир на набавки со тоа што:

  • обезбедуваме безбедни и здрави работни услови во сите постројки на Johnson Controls
  • ги почитуваме правата на вработените да се организираат и колективно да преговараат и никогаш да не се дискриминираат нивните претставници
  • праведно плаќаме на пазарот и ги исполнуваме или надминуваме сите законски обврски во врска со компензацијата
  • им дозволуваме на вработените да работат не повеќе од редовните или прекувремените часови дозволени според локалните закони
  • спроведуваме соодветна длабинска анализа за потенцијалните деловни партнери и ги почитуваме политиките за набавки кога избираме нови трговци, барајќи ги оние кои не ги прекршуваат човековите права
  • бараме од снабдувачите и трговците да се усогласат со нашите Глобални стандарди за снабдувачи
  • им даваме инструкции на деловните партнери да не купуваат или користат конфликтни минерали
  • ја пријавуваме загриженоста за човековите права во секторот за правни работи или во Integrity Helpline

За дополнителни упатства во врска со почитувањето и заштитата на човековите права, видете ги нашите политики за човекови права и одржливост, ропство и трговија со луѓе, разновидност на снабдувачи и конфликтни минерали.

Ги ставаме луѓето на прво место: сѐ е поврзано

Човековите права се однесуваат на нешто повеќе од самото проверување на нашиот синџир на набавки. Тие се однесуваат на начинот на кој луѓето заслужуваат да се постапи со нив на работното место, на пазарот и во нашите заедници.

Го препознаваме позитивното влијание кое може да го имаме како глобална компанија. Нашата посветеност во оваа област се одразува во нашата Политика за човекови права и одржливост. Ова укажува на тоа дека многу прашања можат да влијаат на човековите права, вклучувајќи ги:

  • здравјето и безбедноста
  • работните услови
  • поткупот и корупцијата
  • почитта кон животната средина
  • раководењето
  • транспарентното известување и одговорност

Прво размислете

П:

Неодамна ги обиколував постројките на голем снабдувач во една земја во развој. Според мене, некои од работниците беа многу млади. За време на двата долги дена, се сеќавам дека ги видов истите лица рано наутро и доцна навечер. Знам дека детскиот труд и прекршувањето на работните часови се проблем во овој дел од светот. Овој снабдувач има добра репутација и нѐ увери дека ги почитува сите важечки закони за трудот. Дали имам одговорност да ја споделам својата загриженост и дополнително да го пријавам проблемот?

О:

Како потписник на Глобалниот договор на ОН и заштитник на човековите права, Johnson Controls не толерира вработување деца или други злоупотреби на трудот. Ако имате некоја грижа дека е можно да има кршење на човековите права или трудот кај некој од нашите снабдувачи, морате да ја споделите вашата загриженост со раководството, секторот за усогласеност или на Integrity Helpline со цел да се спроведе истрага.