Здравје и безбедност

Безбедна околина за сите

Како победуваме

Се грижиме за своите безбедност и здравје и за безбедноста и здравјето на другите за да го оствариме нашиот полн потенцијал.

Зошто ги ставаме вредностите на прво место

Победуваме како тим кога благосостојбата на нашите вработени и посетители е нашиот највисок приоритет. Ништо не е поважно од здравјето и безбедноста на работното место; нашата визија за нула повреди и поврзаните цели нѐ одржуваат фокусирани. Безбедноста на сите е споделена одговорност. Се грижиме еден за друг во нашите секојдневни активности за да спречиме повреди и несреќи и преземаме соодветни дејства ако забележиме нешто што би можело да предизвика повреда. Практикувањето добри навики на безбедност нѐ заштитува, ја прави нашата околина поудобна и ни дозволува да се сконцентрираме на овозможување исклучителни искуства и решенија за клиентите.

Како изгледа победувањето

Промовираме култура на нула повреди:

  • преку познавање и почитување на сите упатства и процедури за безбедност
  • никогаш да не се преземаат непотребни ризици на работното место или да се бара други да го сторат тоа
  • веднаш да се престане со она што се работи ако стане небезбедно, дури и ако тоа значи дека ќе се има доцнење со производството или со работата
  • секогаш да се пријавуваат небезбедни или штетни услови или однесувања, како што се ризици на работното место, скршена опрема или опрема која недостасува, закани за насилство или оружје на имот на компанијата
  • да се знае што треба да се направи во случај на повреда или друг итен случај
  • доаѓање на работа без присуство на која било супстанца која може да го наруши расудувањето или да ја загрози безбедноста

Прво размислете

П:

Колега од производствената лента ме замоли двапати оваа седмица да го покријам додека зема брзи, ненајавени паузи. Има повремени вртоглавици од новиот лек. Му кажав дека сум загрижен дека несаканите дејства може да го изложат него и другите на ризик. Ми рече дека не треба да се грижам за ништо – наскоро ќе се прилагоди на лекот. Дали треба да преземам нешто?

О:

Сите имаме обврска да дејствуваме ако дознаеме за потенцијален здравствен или безбедносен ризик. Ако не го сториме тоа, ќе го прекршиме овој Кодекс. Треба да го советувате колегата да зборува со својот претпоставен кој може да земе предвид привремено прераспоредување на должности или некое друго компромисно решение. Треба да го информирате дека ако не сака да го покрене прашањето, вие и другите сте должни да го сторите тоа. Го почитуваме правото на приватност на секој поединец, но безбедноста е приоритет.