Очекувања на снабдувачите

Промовирање на нашите глобални стандарди за снабдувачи

Како победуваме

Очекуваме нашите снабдувачи да работат по истите високи стандарди кои ги применуваме и на нас – секогаш со интегритет.

Зошто ги ставаме вредностите на прво место

Веруваме во дејствување со интегритет, покажување почит и исполнување на нашите обврски. Не очекуваме ништо помалку од оние кои соработуваат со нас. Нашите глобални стандарди за снабдувачи ги поставуваат овие очекувања. Нашите снабдувачи мора да ги знаат и почитуваат овие стандарди за да бидеме сигурни дека работат со нас на етички и одговорен начин и ни помагаат да ја зачуваме репутацијата на Johnson Controls.

Како изгледа победувањето

Одржуваме високи стандарди и етичко однесување во нашиот синџир на набавки со тоа што:

  • сме јасни и директни со снабдувачите за нашите барања и во врска со она што ни треба и како треба да се направи
  • преговараме транспарентно и праведно
  • обезбедуваме дека договорените услови се во писмена форма и целосно и точно опфатени: во договорите, налозите за набавки и другите документи
  • изнесуваме аргументи при објаснувањето на нашите вредности и филозофија на деловно работење и нивното пресликување во договорите
  • постојано ги спроведуваме нашите глобални стандарди за снабдувачите во односите со сите снабдувачи
  • им обезбедуваме на снабдувачите ресурси и дополнителни насоки за секое неопходно разјаснување на очекувањата