Инсајдерска трговија и злоупотреба на пазарот на хартии од вредност

Спречување инсајдерска трговија

Како победуваме

Никогаш не користиме или споделуваме инсајдерски информации за Johnson Controls или некоја друга компанија за тргување на пазарот на хартии од вредност.

Зошто ги ставаме вредностите на прво место

Во текот на нашата работа имаме пристап до информации за Johnson Controls или други компании кои би можеле да им бидат од корист на инвеститорите. Со тоа што го ставаме интегритетот на прво место покажуваме дека другите секогаш можат да се потпрат на нас за заштита на информациите кои ни ги доверуваат. „Инсајдерските“ информации се состојат од детали кои би биле важни за инвеститорите во носењето на нивните одлуки за инвестирање; тие се познати и како материјални, нејавни информации. Користењето на овие информации за наша сопствена корист или нивното споделување за корист на трети лица се нарекува инсајдерска трговија. Таа е нелегална бидејќи овозможува неправедна предност и ги нарушува финансиските пазари. Агресивно се спроведуваат законите за инсајдерска трговија кои често резултираат со тешки казни и затворски казни за оние кои ќе бидат осудени.

Како изгледа победувањето

Спречуваме инсајдерска трговија со тоа што:

  • никогаш не користиме инсајдерски информации за да тргуваме со акциите на Johnson Controls или на другите компании кои котираат на берзата – освен ако таквите информации се обелодениле јавно и пазарот има шанса да реагира на нив
  • никогаш не користиме инсајдерски информации за да тргуваме со акциите на Johnson Controls или на другите компании кои котираат на берзата – освен ако таквите информации се обелодениле јавно и пазарот има шанса да реагира на нив
  • споделуваме инсајдерски информации со колеги само според потребата да ги знаат истите
  • се грижиме да ги заштитиме инсајдерските информации од ненамерно обелоденување со тоа што сме внимателни со документите на компанијата и дискретно зборуваме во отворени простории
  • избегнуваме „поткажување“ – пренесување материјални, нејавни информации за која било компанија на лице кое би можело да тргува имајќи ги на ум таквите информации

Прво размислете

П:

Мојот вујко никогаш не ги надомести инвестициите заради глобалната финансиска криза и знам дека има тешкотии да ги школува своите деца на универзитет. Ме праша дали да купи акции на Johnson Controls. Знам дека тоа ќе му помогне, особено затоа што очекуваме претстојното воведување на производи да ја покачи цената на акциите. Дали да му кажам за воведувањето на новите производи или да му ги препорачам акциите?

О:

Никако. Деталите за претстојното воведување производи претставуваат материјални, нејавни информации што би му овозможиле на вашиот вујко неправедна предност во тргувањето. Споделувањето на таа информација е нелегално. Кажете му дека поради тоа што сте вработени во Johnson Controls, не можете да споделите информации кои би охрабриле или обесхрабриле некое лице да тргува со акциите. Упатете го на нашата веб-локација во делот Односи со инвеститори или предложете му да контактира со секторот за односи со инвеститори доколку има некои одредени прашања.