Почитување на правилата при склучување договори со влади

Почитување посебни обврски кон нашите клиенти од владите

Како победуваме

Сметаме дека е привилегија да ги опслужуваме клиентите од владите и се грижиме да ги исполниме нашите посебни обврски кон нив.

Зошто ги ставаме вредностите на прво место

Ориентирани сме кон клиентите. Препознаваме дека клиентите од владите имаат различни барања од клиентите во приватниот сектор. Мораме да обрнеме посебно внимание кон овие барања и точно да ги исполниме истите. Ова ќе обезбеди дека се фокусираме на она што им е важно на нашите клиенти и ќе избегнеме казни кои би го нарушиле нашиот бизнис или репутација.

Како изгледа победувањето

Ја покажуваме нашата посветеност кон опслужување на клиенти од влади преку:

  • запознавање со суштинските барања на нашите договори со владите
  • усогласување со сите применливи закони за договори со влади и за извоз на производи или податоци, како и со нашата Политика за склучување договори со сојузни влади
  • следење правила за ангажирање или работење со сегашни или поранешни вработени во влада
  • знаење точно како и кога да одговориме на барањата на владите за содржината
  • тоа што сме внимателни со информациите кои се доверливи или имаат други посебни ограничувања
  • обезбедување дека секој документ или секоја комуникација е точна и вистинита
  • онаму каде е потребно, користење тековни, точни и потврдени податоци за трошоци или цени кога се поднесуваат предлози
  • избегнување прием на неовластени информации за конкурентите

Зошто во владините договори има посебни барања

Земјите чии влади ги опслужуваме имаат закони кои се дизајнирани да обезбедат дека: државните пари се трошат соодветно; владините процеси за набавки и склучување договори се управуваат транспарентно, отворено, одговорно и доследно; и дека се штитат националната безбедност и јавниот интерес.

Многу од нашите договори со влади се со Сојузната влада на Соединетите Американски Држави. Примери на закони и прописи кои наметнуваат сложени и строги барања за овие договори се:

  • Сојузната одредба за набавки (Federal Acquisition Regulation – FAR) која го управува начинот на кој владините агенции купуваат или даваат под наем стоки и услуги
  • Дополнувањето на Сојузната одредба за набавки во одбраната (Defense Federal Acquisition Regulation Supplement – DFARS) кое ги опфаќа барањата за набавки на воената индустрија
  • Одредбите за меѓународна трговија со оружје (International Traffic in Arms Regulations – ITAR) кои го опфаќаат извозот и увозот на воени стоки и услуги

Прво размислете

П:

Раководам со набавките за договорите со Сојузната влада. Само што дознав дека еден снабдувач пред неколку месеци направил многу мала промена во спецификацијата на компонента која се користи во производите кои се продаваат на клиентите од владата. Снабдувачот ми кажа дека не нѐ информирале за промената бидејќи била многу мала и веројатно ја подобрила компонентата. Меѓутоа, се грижам дека поради оваа промена неодамнешните пратки до нашите клиенти не се усогласени со односните договори со владата.

О:

Имате право да бидете загрижени. Кога работиме со клиенти од владите мораме точно да ги почитуваме барањата во договорите. Ако не го направиме тоа – дури и на начин кој изгледа банален и без последици или дури промена која мислиме дека го подобрува производот – прекршувањето на договорот како резултат на тоа би предизвикало не само финансиски казни, туку потенцијално и ризик да бидеме суспендирани или дури отстранети од работата со владата. Проблемот мора веднаш да се пријави во секторот за правни работи за да се советувате со нив како да се постапи бидејќи можеби ќе биде потребно да се информира владата.