Нашите одговорности

Во Johnson Controls, секој и секаде мора да го знае Етичкиот кодекс и секојдневно да го почитува – независно од улогата или позицијата.

Ова ги вклучува сите вработени, службеници и членови на Одборот на директори. Прекршувањата на Кодексот се сериозни и можат да доведат до дисциплинска постапка, па сѐ до отказ, во согласност со локалните законски одредби.

Johnson Controls има политики кои подетално обработуваат многу од темите во Кодексот. Тие може да се најдат на SharePoint веб-локацијата Ethics & Compliance.

Не само што мора да ги почитуваме Кодексот и политиките на компанијата, туку секој од нас има обврска да ги почитува и законите кои нѐ засегаат. Имаме обврска да зборуваме отворено ако не сме сигурни што да направиме или сме загрижени – особено, ако видиме или се сомневаме дека постои несоодветно однесување.

Посебни одговорности на раководителите и претпоставените

Додека сите мораме да го почитуваме Кодексот и да ги илустрираме вредностите на Johnson Controls, вработените со раководни одговорности или претпоставените имаат дополнителни обврски:

  • редовно да ги потсетуваат членовите на тимот и оние кои директно одговараат пред нив за важноста на почитување на Кодексот
  • активно да бараат можности да дискутираат за Кодексот и нашите вредности (на пример, за време на состаноци на тимот и евалуација на индивидуалната работа)
  • да ги препознаат и наградат активностите на етичко лидерство и да ги поврзат со нашата посакувана култура и деловни резултати
  • да продолжат со справувањето со последиците за вработените кои го прекршуваат Кодексот и/или политиките на компанијата
  • да служат како пример и да покажат лична посветеност на етиката и усогласеноста за сѐ што кажуваме и правиме
  • да обезбедат дека нашите тимови ги знаат различните начини на кои можат да пријават загриженост и дека нема да се толерира реваншизам
  • да ја регистрираат загриженоста на која ни е укажано во Integrity Helpline за да се обезбеди непристрасна и професионална истрага
  • да инсистираат персоналот кој не е вработен (како што се консултанти, привремени и вонредни работници) да дејствуваат во согласност со Кодексот и нашите вредности

 

Правење паметни избори