Почитување, спречување вознемирување и мобинг на работно место

Промовирање и одржување пристојно работно место

Како победуваме

Постапуваме со почит, промовираме позитивна работна околина во која ќе напредуваме како еден тим.

Зошто ги ставаме вредностите на прво место

Заеднички соработуваме како еден тим и водиме дијалог на начини кои промовираат меѓусебна доверба и почитување. Ова значи дека дејствуваме професионално, зборуваме отворено и со почит кон другите и се поддржуваме секогаш кога можеме. На овој начин, секој од нас помага да се обликува и зајакне нашата култура на извонредност и интегритет. Работното место кое ги поттикнува и поддржува најдобрите напори на сите е победничко работно место.

Како изгледа победувањето

Одржуваме пристојно работно место преку:

  • градење доверба со колегите и партнерите
  • слушање за да разбереме
  • барање можности за соработка и споделување за доброто на тимот
  • размислување однапред за тоа како другите може да ги согледуваат нашите зборови и дејства
  • спротивставување на мобинг или вознемирување од секаков вид и барање помош кога е неопходно
  • пријавување несоодветни шеги, навреди или други навредливи коментари за раса, пол, боја, религија, возраст, национално потекло, инвалидност, сексуална ориентација или други карактеристики заштитени со закон
  • никогаш да не се прават – или толерираат– несакани сексуални забелешки или додворувања или да се прикаже материјал кои другите може да го сметаат за навредлив
  • пријавување несоодветно однесување, независно дали ве засега вас или некој друг

Прво размислете

П:

Мојата нова претпоставена е многу љубопитна и дружељубива. Ми поставува испитувачки прашања за мојот личен живот, а тоа ми е непријатно. Можеби мисли дека е пријателски настроена, но нејзините теми на разговор ме прават да се чувствувам незгодно. Ја замолив да престане, но таа ми кажа дека сум премногу напната и се замисли на глас дали сум добра за тимот. Не сакам да имам лош почеток со мојата претпоставена, но тоа ме вознемирува. Што можам да направам?

О:

Однесувањето на оваа претпоставена е несакано и неприфатливо и за тоа нема место во Johnson Controls. Ако се чувствувате удобно, кажете ѝ на претпоставената како прави да се чувствувате и замолете ја да запре еднаш засекогаш. Ако претпочитате да не се соочувате повторно со претпоставената, може да разговарате со раководител на повисока позиција или со претставникот од човечки ресурси или да контактирате со Integrity Helpline. Некоја од овие опции ќе ни овозможи да помогнеме при решавањето на проблемот. Ќе бидете заштитени од секаков реваншизам.