Заштита на приватноста на податоците на клиентите

Одржување на довербата на клиентите

Како победуваме

Ги штитиме доверливите информации кои ни ги доверуваат нашите клиенти.

Зошто ги ставаме вредностите на прво место

Да се биде ориентиран кон клиентите значи нешто повеќе од одржување ветувања и исполнување очекувања. Во суштина, се работи за стекнување на довербата на клиентите при што ќе покажеме дека се грижиме за нивните интереси како и за нашите. Доверливите информации се скапоцени за нашите клиенти како што се и за нас; нивното неовластено користење или обелоденување може да предизвика сериозна финансиска штета и да ѝ наштети на репутацијата. Преземаме претпазливи мерки за да ги заштитиме доверливите информации кои ни се доверени.

Како изгледа победувањето

Ја зачувуваме довербата на клиентите со:

  • тоа што сме внимателни со доверливите информации од клиентите исто како со нашите сопствени информации
  • преземање соодветни безбедносни мерки за заштита на информациите од клиентите
  • обелоденување доверливи информации од клиентите само на оние лица кои се овластени и имаат деловна потреба да ги знаат истите
  • тоа што не се споделуваат доверливи информации за клиентите со лица надвор од нашата компанија, освен ако клиентот дал дозвола за тоа
  • претпоставка дека информацијата е доверлива, освен ако и сѐ додека не го потврдиме спротивното
  • почитување на применливите закони за заштита на приватноста и нашата Политика за приватност
  • итно контактирање со тимот за усогласеност или одделението за правни работи ако знаеме или се сомневаме дека на кој било начин ненамерно и погрешно се постапило со информациите за клиентите

Прво размислете

П:

За време на моето 10-годишно работење во Johnson Controls, соработував со многу групи и развив добри односи во компанијата. Еден пријател од мојата последна група ме праша дали можам да му испратам листа на клиенти со нивната е-пошта за да може подобро да промовира нова услуга. Знам дека сме еден тим и сакам да му помогнам на мојот пријател; но, не сум сигурен дали треба да ја споделам таа информација, макар и интерно. Како да одговорам на барањето?

О:

Работењето како еден тим вклучува изнаоѓање начини за соработка во организацијата, а исто така значи споделување одговорности за исполнување на нашите законски и етички обврски. Ова ја вклучува обврската да ги заштитиме информациите од клиентите, а повеќето од нив се доверливи. Ако такви информации се објават без дозвола, потенцијално можат да завршат во погрешни раце со што ќе се изложат клиентот и нашата репутација на ризик. Не споделувајте ги бараните информации и потсетете го вашиот пријател дека клиентите се потпираат на нас да ги користиме нивните информации само за целите за кои ни се доставени; треба да побараме нивна дозвола пред да ги споделиме за други намени.