Поткуп и други форми на корупција

Чесно водење бизнис

Како победуваме

Го освојуваме и задржуваме бизнисот врз основа на силата на нашата понуда и со градење врски врз основа на транспарентност и доверба.

Зошто ги ставаме вредностите на прво место

Ставањето на интегритетот на прво место ја зајакнува нашата репутација како доверлив и сигурен деловен партнер. Не сме заинтересирани да „купуваме“ бизнис, ниту да се справуваме со оние кои охрабруваат или толерираат практики на корупција. Корупцијата им наштетува на заедниците, го нарушува пазарот и на сите им отежнува да водат бизнис. Независно од локалните обичаи или практиките на другите компании, ние ѝ се спротивставуваме на корупцијата во сите нејзини форми. Ние дури го избегнуваме впечатокот дека дејствуваме несоодветно, независно дали соработуваме со владини службеници или приватни фирми.

Како изгледа победувањето

Силно се спротивставуваме на поткуп и други форми на корупција со тоа што:

  • никогаш не нудиме, ветуваме или даваме нешто со некаква вредност на владин службеник или некое друго лице за да добиеме деловна предност
  • одбиваме да прифатиме поткуп или провизии и го информираме секторот за усогласеност ако ни се понудат
  • водиме точни и целосни досиеја во кои сите плаќања се детални и не се користат средства на компанијата за незаконска намена
  • извршуваме соодветна длабинска анализа на сите трети снабдувачи
  • не користиме застапник или трето лице за да вршиме несоодветни плаќања кои не би ги направиле ни самите
  • внимателно ја почитуваме нашата Политика за патувања, подароци и забава за трети лица и Антикорупциската политика
  • пријавуваме секаква загриженост за потенцијално несоодветно плаќање

Дали е тоа корупција?

Корупцијата ја има во повеќе форми и мораме да внимаваме на знаците за опасност. Овде се вклучуваат други страни кои:

  • одбиваат да се согласат со нашите Глобални стандарди за снабдувачи
  • приговараат на договорните барања за антикорупција
  • одржуваат близок контакт со владини службеници
  • бараат невообичаено високи провизии, плаќање во готово или плаќање на сметки во име на друго лице
  • нудат сомнителни квалификации за извршување на бараните услуги
  • имаат репутација на дискутабилни деловни практики

Прво размислете

П:

Мојот тим учествува на тендер за голем проект за урбана реконструкција на пазар во развој. Иако не ни треба партнер за да бидеме успешни на проектот, службеникот за набавки во градската власт ни препорача да се сретнеме со локална компанија за да дискутираме со неа да биде наш подизведувач. Изгледа дека главниот извршен директор на таа компанија е поврзан со владиниот службеник. Треба ли да одржиме состанок?

О:

Овде има знаци за предупредување за корупција. Еден знак е предлогот да добиеме зделка, а за возврат да користиме подизведувач кој има блиски односи со владин службеник, а вториот знак е дека не ни треба подизведувач за да му обезбедиме производи и услуги на клиентот. Корупцијата се појавува во повеќе форми и не секогаш вклучува директен поткуп на владин службеник. Во оваа ситуација, треба да го информирате службеникот за набавки дека нема потреба да ни препорачува подизведувач и учтиво да го одбиете состанокот. Ако имате какви било грижи, разговарајте со секторот за усогласеност или секторот за правни работи.